close
Прејди на содржината

Земја (кинески елемент)

Од Википедија — слободната енциклопедија
BERJAYA
Петте елементи и нивните заемодејства

Земја (кинески: , пинјин: , мак. тр.: ту) — еден од петте елементи (вусјинг) во кинеската филозофија. Претставува чи-рамнотежа на јин и јанг, како и промена или средиште на физичката материја или предмет.[1] Нејзиното движење е централизирачно, а нејзината енергија е стабилизирачка и запазувачка.

Земјата се поврзува со жолтата боја (или окер), планетата Сатурн и стои во средиштето меѓу другите четири страни на светот во кинеската космологија. Се поврзува со доцното лето пресвртницата на секое годишно време; како што е подложна да се преоптовари и заглави, климата станува влажна ,а умот и телото се поматуваат поради недостаток на јаншки чи. Во кинеската медицина земјата управува со слезината (јин), желудникот (јанг), устата и мускулите. Нејзиниот исконски дух е ји, чувството на среќа, и е претставен од Жолтиот Змеј или битието ќилин, жолтата и златната боја.

Во теоријата за петте елементи, земјата владее со трпението, промисленоста, практичноста, трудот и стабилноста. Земјата како елемент е хранлива и тежнее да ги собере сите нешта кон себе за да ги доведе во рамнотежа и стабилност. Други особини на земјата се умисленоста, намереноста, среќата, тврдоглавоста, посредувањето и верноста. Нејзината јинска (недосаточна) емоција е грижата и заимсленоста and in јиншка (прекумерна) емоција е самосожалувањето, алчноста, ненаситноста и себичноста. When earth is in balance there is a feeling of peace, happiness and contentment. The soul associated with Earth is the ји (意).

Астрологија

[уреди | уреди извор]

Земјата игра важна улога во кинеската астрологија. Се смета за едно од 10-те небесни стебла (петте елементи и нивните јински и јаншки облици), кои заедно со 12-те земски гранки (хороскопските знаци) го образуваат 60-годишниот циклус. Земските години кои се јаншки завршуваат со 8 (на пр. 1998), а јиншките со 9 (на пр. 1999). Земјата е средишната рамнотежа на елементите и затоа им дава особини на сите 12 зодијачки животни.

Овој елемент е поврзан со планетата Сатурн поради нејзината жолта боја.[2]

Според опишаното во Книгата на промените (И чинг) и фенг шуи, земјата е средиштето кон кое сите движења тежнеат (или поаѓаат), макар и привремено, т.е. може да полазириа како и останатите елементи. Овие четири вида на земја се водна земја, (влажна/студена земја), огнена земја (сува/врела земја), метална земја (сува/тврда земја) и дрвена земја (растресита-плодна/топла земја).

Нејзе ја претставуваат жолтата, портокаловата и кафеавата боја, како и нејзините нијанси.

Земјата раководи со хороскопските знаци вол, змеј, коза и куче.

Циклус на елементите

[уреди | уреди извор]

Во контролниот циклус, земјата ја контролира водата со тоа што ѝ прави пречка (брана) или ја впива; дрвото може да ја совлада со раздробување (со неговите корења).

Во деструктивниот циклус, земјата го совладува дрвото со тоа што ќе го запре неговиот раст или ќе го покрие.

Во конструктивниот циклус, земјата настанува од пепелта на оганот, која потоа се зацврснува во минерали и произведува метал.

Во трошачкиот циклус, металот ја осиромашува земјата со тоа што ѝ ги зема сите минерали и ја суши.

  1. 千古中医之张仲景. Lecture Room, CCTV-10.
  2. Wolfram Eberhard, A Dictionary of Chinese Symbols, стр. 238-9, Routledge & Kegan Paul, London, 1986