close
Прејди на содржината

Отворена содржина

Од Википедија — слободната енциклопедија
BERJAYA
Лого на слободни културни творби

Отворена содржина, неологизам создаден по аналогија на „отворен код“, опишува каков било вид на креативно дело издадено во формат кој експлицитно дозволува копирање и модифицирање на неговата содржина од било кого, а не само од некоја затворена организација, фирма или лице. Најголемиот проект на отворена содржина во светот е Википедија[1].

Слободна содржина

[уреди | уреди извор]

Како во случајот со термините "отворен код" и "слободен софтвер", некои материјали со отворена содржина можат исто така што се опишат како "слободна содржина", иако технички тие опишуваат различни нешта. Проектот Отворен Именик е пример на отворена содржина но не и на слободна содржина. Основната разлика помеѓу лиценците е дефиницијата на поимот слобода: некои лиценци се обидуваат да ја максимизираат слободата за сите идни потенцијални приматели, а други ја максимизираат слободата само на првиот примател.

Поимот Common content се користи за трудови публикувани под лиценцата Creative Commons.

Отворен пристап

[уреди | уреди извор]

Поимот „отворен пристап“ се однесува на специјална категорија на материјали, која се состои од т.н. рецензиски-објавени статии до кои пристапот е слободен.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Schoer, Joachim; Hertel, Guido (2007-12-03). „Voluntary Engagement in an Open Web-based Encyclopedia: Wikipedians, and Why They Do It“. Архивирано од изворникот (PHP) на 2007-10-01. Посетено на 2007-03-17.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Главни репозитари и именици со отворена содржина

[уреди | уреди извор]