close
Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 161.711 статии на македонски јазик и 409 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 19 мај 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1906  Официјално е отворен тунелот „Симплон“ под Алпите меѓу Италија и Швајцарија, долг 19,77 километри.
1990  Во Велес е формирано Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) кое во 1993 година е примено во најпознатите европски и светски асоцијации.

Родени:

1762  Јохан Готлиб Фихте — германски идеалистички филозоф.
1870  Алберт Фиш — американски сериски убиец.
1890  Марио де Са-Карнеиро — португалски писател.
1890  Нгујен Тат Тан — познат како Хо Ши Мин, претседател на ДР Виетнам од 1945 до 1969 година.
1930  Никица Калоѓера — хрватски композитор.
1940  Јован Тофоски — македонски гинеколог, универзитетски професор и министер за здравство.
1948  Грејс Џонс — јамајска поп-пејачка и фото-модел.
1949  Дасти Хил — американски рок-музичар, член на групата ЗЗ Топ (ZZ Top).
1957  Бил Лејмбир — американски кошаркар.
1969  Томас Винтерберг — дански филмски режисер.
1975  Лазар Поповски — македонски кајакар.
1976  Кевин Гарнет — американски кошаркар.
1979  Диего Форлан — уругвајски Фудбалер.
1977  Мануел Алмунија — шпански фудбалски голман.
1977  Свен Тафт — канадски велосипедист.
1979  Андреја Пирло — италијански фудбалер.
1980  Жарко Кујунџиски — македонски писател и драмски автор.
1984  Ндерим Неџипи — македонски фудбалер.
1986  Марио Чалмерс — американски кошаркар.
1986  Алесандро Де Марки — италијански велосипедист.
1995  Давор Талески — македонски фудбалер.
2002  Рикардо Калафјори — италијански фудбалер.
2003  Мало Густо — француски фудбалер.

Починале:

1296  Целестин Vримски папа.
1536  Ана Болејнкралица на Англија.
1825  Клод Анри Сен Симон — француски социјалист, утопист и филозоф.
1864  Натаниел Хоторн — американски писател.
1898  Вилијам Гледстон — британски премиер.
1912  Болеслав Прус — полски писател.
1965  Марија Домбровска — полска писателка.
1969  Колмен Хокинс — американски блуз и џез-музичар.
1986  Џими Лајонс — американски џез-музичар.
1994  Жаклина Кенеди Оназис — сопруга на претседателот на САД, Џон Кенеди.
2008  Рима Казакова — советска и руска поетеса.
Издвоен цитат
BERJAYA

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот
BERJAYA
Дете од народот Мундари со стока кај Терекека, Јужен Судан.
Дали сте знаеле...


Златна биста на Фридрих Барбароса
Златна биста на Фридрих Барбароса


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 161.711 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
BERJAYA Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
BERJAYA Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
BERJAYA Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
BERJAYA Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
BERJAYA Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

BERJAYA
Ризница — складиште на мултимедијални содржини
BERJAYA
Викиизвор — збирка на дела и книги
BERJAYA
Викивести — вести од светот
BERJAYA
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
BERJAYA
Викицитат — збирка на цитати
BERJAYA
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
BERJAYA
Викивидови — именик на видови
BERJAYA
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
BERJAYA
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
BERJAYA
Википодатоци— база на слободни знаења
BERJAYA
Википатување — туристички водич