Gosick
| Gosick | |
Корицата на првиот том, вклучувајќи ги Викторика де Блоа и Казуја Куџо | |
| ゴシック (Goshikku) | |
|---|---|
| Жанр | мистерија историска белетристика романтика |
| Лесен роман | |
| Автор | Казуки Сакураба |
| Илустратор | Хината Такеда |
| Издавач | Fujimi Shobo |
| Англиски издавач | |
| Импринт | Fujimi Mystery Bunko |
| Оригинално прикажување | 10 декември 2003 — 23 јули 2011 |
| Број на томови | 9 |
| Лесен роман | |
| GosickS | |
| Автор | Казуки Сакураба |
| Илустратор | Хината Такеда |
| Издавач | Kadokawa Shoten |
| Импринт | Kadokawa Beans Bunko |
| Оригинално прикажување | 15 јули 2005 — 25 мај 2011 |
| Број на томови | 4 |
| Манга | |
| Автор | Казуки Сакураба |
| Илустратор | Сакуја Амано |
| Издавач | Fujimi Shobo |
| Списание | Monthly Dragon Age |
| Оригинално прикажување | јануари 2008 — мај 2012 |
| Број на томови | 8 |
| Манга | |
| Gosick W | |
| Автор | Казуки Сакураба |
| Илустратор | Морики Такеши |
| Издавач | Kadokawa Shoten |
| Списание | Comp Ace |
| Оригинално прикажување | јануари 2011 — декември 2011 |
| Аниме-серија | |
| Режисер | Хитоши Нанба |
| Продуцент | Џунка Кобајаши Јошиказу Бенија |
| Сценарист | Мари Окада |
| Композитор | Котаро Накагава |
| Студио | Bones |
| Давател на лиценца | Crunchyroll |
| Мрежа | TV Tokyo, TVA, TVO, TSC, TVQ, AT-X |
| Оригинално прикажување | 7 јануари 2011 — 2 јули 2011 |
| Епизоди | 24 |
| Серија романи | |
| Gosick New Continent | |
| Автор | Казуки Сакураба |
| Издавач | Kadokawa Shoten |
| Оригинално прикажување | 25 декември 2013 — 2 декември 2016 |
| Број на томови | 4 |
Gosick (македонски: Готика, јапонски: ゴシック; стилизирано како GOSICK, изведено од зборот gothic — „готика“) — јапонска серија на лесни романи напишана од Казуки Сакураба, со илустрации на Хината Такеда. Серијата вклучува 13 романи објавени од страна на издавачката куќа Fujimi Shobo во периодот помеѓу декември 2003 и јули 2011 г.[1]
Дејството е сместено во измислена европска држава во 1924 г., каде што еден јапонски ученик на размена запознава загадочно и генијално девојче што ја напушта библиотеката само за да спие. Нејзиниот брат, кој е детектив, се потпира на нејзиниот исклучителен ум за решавање на тешки таинства.
Издавачот Tokyopop ги објавил првите два романи на англиски јазик во Северна Америка. Манга-адаптација нацртана од Сакуја Амано била објавена во списанието Monthly Dragon Age на Fujimi Shobo. Аниме-адаптација од 24 епизоди во производство на студиото Bones се прикажувала помеѓу јануари и јули 2011 г. Колекција на споредни приказни насловена како GosickS била објавена помеѓу 2005 и 2011 г., додека продолжението на серијата романи наречено Gosick New Continent било издавано во периодот од 2013 до 2016 г.
Содржина
[уреди | уреди извор]Дејството во Готика се одвива во 1924 г., во една мала измислена европска држава каде што се зборува француски јазик. Оваа земја се протега од Швајцарија, преку Алпите помеѓу Франција и Италија, па сѐ до Средоземното Море. Државата во лесните романи се нарекува Совил (јап. ソヴュール王国), додека во аниме-адаптацијата Собрем (јап. ソヴレム) е името на нејзиниот главен град.
Приказната се сосредоточува на Казуја Куџо, третиот син на високопоставен офицер во Царската јапонска војска. Тој е ученик на размена во академијата „Света Маргарита“, место каде што се популарни градските легенди и страшните приказни. Таму ја запознава Викторика де Блоа, загадочна, но прекрасна и генијална девојка што никогаш не оди на настава. Таа ги поминува своите денови читајќи ја целата содржина на библиотеката или решавајќи таинства со кои не можат да се справат ниту детективите.
Раните епизоди главно се фокусираат на Казуја и Викторика и нивната вклученост во различни злосторнички случаи, притоа создавајќи силни врски со другите луѓе, но и меѓу себе. Меѓутоа, како што напредува серијалот, мрачното минато на Викторика и нејзиното семејство започнува да ја прогонува.
Продолжението на серијалот, Gosick New Continent, се одвива во 1931 г. во Њујорк, каде што Викторика и Казуја се во врска и водат мала детективска агенција. Се открива дека таткото на Казуја не ја прифатил нивната врска, па тие, со помош на неговата сестра Рури, пребегнале во Соединетите Американски Држави за да бидат заедно. Иако светските војни се веќе минато, мирот на парот е нарушен од нова група што се обидува да дојде до Викторика.
Ликови
[уреди | уреди извор]Казуја Куџо (јап. 久城 一弥) — главниот машки лик во приказната. Како најмлад син во воено семејство, поголемиот дел од своето детство го поминал во сенка на своите браќа и сестри. Иако работел напорно, неговите напори не биле доволно ценети и му било дадено до знаење дека, како најмлад, се смета за најмалку корисен во семејството.
Со „лузни на душата“, тој ја напушта воената академија каде што се школувал пред некој да го сопре и заминува во академијата „Света Маргарита“. Меѓутоа, и таму не стекнува најдобар углед. Поради неговиот изглед и времето на пристигнување, меѓу учениците се раширува глас дека тој е лик од училишните легенди — „Црниот Жетвар“ што доаѓа на пролет. Ова одречно влијае на неговите односи со останатите ученици.
По сплет на околности, станува придружник на ексцентричната Викторика. На почетокот не му се допаѓа нејзиното надмено однесување, но подоцна сфаќа дека е вљубен во неа. Казуја е малку избувлив, но брзо му поминува. Често паѓа во неволји од кои се извлекува со помош на остриот ум на Викторика.
По настаните од главниот серијал, во 1930 г., Казуја заедно со Викторика емигрира во Њујорк, каде што се вработува како репортер во весникот „Дили Роуд“.
Викторика де Блоа (јап. ヴィクトリカ・ド・ブロワ) — ситна девојка со долга златна коса и смарагднозелени очи, чиј глас, меѓутоа, звучи многу постаро отколку што изгледа. Таа неверојатно личи на својата мајка, Корделија. Друга важна одлика на Викторика е нејзиното луле, кое го зема секогаш кога размислува за нешто важно.
Покрај нејзиниот остар јазик, навредлива искреност и ексцентрично однесување, таа поседува неверојатни вештини за детективска логика и огромно знаење, кои ги користи при решавање на различни случаи. Нејзиното поведение е последица на детството поминато во замокот на семејството Блоа, каде што била изолирана од своите врсници и затворена во кула. Во академијата „Света Маргарита“ била испратена со строга наредба да не го напушта кампусот.
Бидејќи нејзината мајка била од родот на „Сивите волци“, кои биле протерани од кралството, Викторика не била прифатена таму. Со текот на времето се приврзува, а потоа и вљубува во Куџо, кој секогаш е покрај неа во академијата. За време на војната, со помош на својот „извор на мудрост“, го пронаоѓа неговиот дом каде што се населува. Викторика обожава слатки, а на крајот на аниме-адаптацијата нејзината коса побелува од стрес.
Заедно со Куџо се преселува во Њујорк, каде што основа сопствена детективска агенција. Во нивниот дом во Бруклин, таа прави лична библиотека слична на онаа во која била затворена како дете.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Gosick“ (германски). Tokyopop. Архивирано од изворникот на 2 октомври 2011. Посетено на 11 април, 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=(help)
